spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиПотпишан Колективен договор во општина Прилеп

Потпишан Колективен договор во општина Прилеп

Во просториите на Општина Прилеп, денес 30.12.2021 година, беше потпишан Колективен договор за вработените во Општина Прилеп. Со потпишување на Колективниот договор, дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.

Синдикатот на УПОЗ преставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на Синдикаланта организација при Општина Прилеп Бошко Талески од една страна и Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески од другата страна, денес го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Прилеп.

Со овој Колективен договор, се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените одсуства, надоместоците на плата и другите примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата итн. Како право кое Синдикатот и Работодавачот го утврдија, во овој Колективен договор, е минималната плата да биде основна плата.

Претседателот Деаноски, истакна задоволство од соработката и потпишувањето на договорот и што Општина Прилеп влегува во групата на општини кои имаат потпишано Колективен договор како и искажаната волја за унапредување и грижа за вработените правата на вработените од страна на Градоначалникот Јовчески.

Во наредниот период, Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи со активностите за подготовка и потпишување на колективни договори во државната управа, со што дополнително ќе се унапредуваат правата од работен однос.

 

 

 

Извор: УПОЗ 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...