Во ресторан “Грација” се одржа промоција на монографијата “Грација-гордоста на Куманово, кралица на угостителството” на д-р примариус Јордан Пачков, по повод 20-годишното успешно опстојување на овој ресторан.
Покрај примарната дејност-угостителство, “Грација” е спонзор, поддржувач и организатор на бројни културни настани, со цел професионално дејствување. Градоначалникот Димитриевски го честита излегувањето на монографијата, посакувајќи да се надградуваат, одржувајќи го постигнатото.
Ја истакна успешната соработка со овој угостителски објект во рамките на професионалните активности, која секогаш е на висина на задачата.
Општина Куманово ќе продолжи со реализација на културни дејности и активности, кои заеднички ќе бидат спроведени.
Извор : Општина Куманово