spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Започнува реконструкцијата на ООУ “Карпош”-Умин Дол

Куманово: Започнува реконструкцијата на ООУ “Карпош”-Умин Дол

Во ООУ “Карпош”-Умин Дол се одржа средба помеѓу претставници од училиштето, Министерство за образование и наука и Сектор за образование при Општина Куманово.
Целта на средбата беше потпишување на Вовед во работа за започнување на реконструкција на ова општинско основно училиште, која  ќе биде реализирана преку проектот “Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта” и со поддршка на општина Куманово.
 Реконструкцијата на училиштето вклучува: замена на внатрешна и надворешна столарија, реконструкција на кров, реконструкција на фасда, реконструкција на подови, поставување на систем за греење, реконструкција на внатрешни ѕидови и плафон и тоалети за ученици со посебни потреби .

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...