Во ООУ “Карпош”-Умин Дол се одржа средба помеѓу претставници од училиштето, Министерство за образование и наука и Сектор за образование при Општина Куманово.
Целта на средбата беше потпишување на Вовед во работа за започнување на реконструкција на ова општинско основно училиште, која ќе биде реализирана преку проектот “Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта” и со поддршка на општина Куманово.
Реконструкцијата на училиштето вклучува: замена на внатрешна и надворешна столарија, реконструкција на кров, реконструкција на фасда, реконструкција на подови, поставување на систем за греење, реконструкција на внатрешни ѕидови и плафон и тоалети за ученици со посебни потреби .
Извор: Општина Куманово