Општина Неготино без депонии, како предуслов за создавање чиста и здрава животна средина за сегашните и идните генерации – е мотото под кое на неколку локации во општината се одвиваа и ќе се одвиваат активности за расчистување на дивите депонии.
Така, деновиве на иницијатива на локалната самоуправа се изврши комплетно расчистување на дивата депонија пред „ воениот мост“ во селото Криволак. Според информациите од стручните служби, притоа се собрани околу 250 м3 смет, шут, градежен амтеријал и друг вид отпад и истиот е транспортиран на градската депонија Бучето.
Се апелира до населението да не се фрла отпад на несоодветни места за тоа, каде што впрочем е поставена и сигнализација, бидејќи во спротивно, секој што ќе биде фатен ќе биде санкциониран согласно Законот за управување со отпад.
Извор: Општина Неготино