spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Доделени ваучери од 7.000 денари за новороденчиња

Неготино: Доделени ваучери од 7.000 денари за новороденчиња

По пауза од 4 години, согласно одлуката донесена од страна на општинскиот Совет на мој предлог, започнавме со исплата на еднократна парична помош за родителите од општина Неготино кои имаат новороденчиња.

Така, со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, денеска во кабинетот ги доделив првите 8 ваучери во вредност од 7.000 денари на родителите кои добиле деца во периодот од стапувањето на одлуката на сила, а за што до надлежните општински служби од нивна страна беше доставена неопходната документација.

На сите им ги честитав новороденчињата и им посакав многу здравје и среќа, а им ги честитав и Новогодишните и Божикните празници.

Мерката е донесена со цел за зголемување на наталитетот во нашата општина, а ја користам можноста да апелирам до сите родители кои во наредниот период ќе добијат новороденчиња, да ја достават потребната документација и да ја искористат можноста да добијат ваучер од 7.000 денари како еднократна помош.

 

 

Извор: Општина Неготино 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...