Синдикалната минимална кошница за декември 2021 година се зголемила за 150 денари или истата изнесува 35.042 денари, а во споредба со истиот месец предходната година е зголемена за повеќе од 1.500 денари.
Со две минимални плати може да се платат и трошоци за комунални услуги, струја,вода, парно и да останат околу 4.317 денари за преживување до крајот на месецот на едно четиричлено семејно домаќинство кое прима 2 минимални плати.
Сите оние кои се против или го одложуваат растот на минималната плата на 18.000 денари, ги охрабруваме да пробаат еден месец да живеат како 110.000 работници во Државата.