spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииКовачевски: Ќе го проверам тендерот на угостителски прибор и ако е несоодветен...

Ковачевски: Ќе го проверам тендерот на угостителски прибор и ако е несоодветен ќе го поништам

На новинарско прашање за јавната набавка за угостителски прибор, за којашто одредени медиуми информираа дека е несоодветна, мандатарот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека откако ќе биде избран за премиер ќе ја провери и доколку е во обем и постапка која е несоодветна ќе ја поништи.

„Јас немам детали за таа набавка бидејќи сеуште не сум на премиерската позиција во Владата којашто може да има увид во таков вид на јавни набавки. Меѓутоа од кога ќе станам претседател на Владата ќе се информирам за таа набавка којашто беше предмет на интерес на јавноста, доколку јавната набавка е во обем и во постапка којашто не е соодветна на очекувањата, јас таа одлука ќе ја поништам“-рече претседателот Ковачевски.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...