Иако имаат обврска и надлежност врз топлинската енергија, Арсовска и Град Скопје не преземаат ништо за надминување на енергетската криза

Политички партииИако имаат обврска и надлежност врз топлинската енергија, Арсовска и Град Скопје...

Најчитано

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Данела Арсовска градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и елементарно непознавање на нејзините ингеренции.

Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на глобална енергетската криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во Буџетот за помош на граѓаните.

Затоа Арсовска постојано се иззема и бара разни оправдувања за нејзината неспособност и незнаење.

Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани но има и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката.

Член 151 став 1 од Законот за енергетика јасно вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности:

1) производство на топлинска енергија;

2) дистрибуција на топлинска енергија и

3) снабдување со топлинска енергија.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани среде криза.

Во Буџетот за 2022 година за шест пати се намалени средствата за субвенции за набавка на инвертори, а нема ниту еден денар издвоено за справување со енергетската криза.

Ова е неодговорен, нечесен однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани.

После три месеци од мандатот, Арсовска конечно нека ги научи надлежностите на градоначалникот и Советот на Град Скопје и нека се зафати со работа или нека остапи.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе