spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииКовачевски: Приоритети на новата Влада се справување со енергетската глобална криза и...

Ковачевски: Приоритети на новата Влада се справување со енергетската глобална криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Претседателот на СДСМ и мандатар, Димитар Ковачевски, денеска го достави составот на новата Влада и програмата за работа на Владата до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Програмата е надградена, врз основа на изборниот легитимитет коишто е добиен на изборите 2020 година со тоа што се вградени и програмските определби на новиот коалиционен партнер Алтернатива како и новите програмски цели коишто произлегуваат од новите предизвици коишто се наоѓаат пред оваа Влада, пред граѓаните и државата.

Клучен, прв приоритет е справување со енергетската криза во државата, којашто е европска енегретска криза и која се чувствува и во Република Северна Македонија.

Втор приоритет е задржување и подобрување на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите во светло на економската криза која произлегува од енергетската криза.

Трето е исполнување на целите во однос на големите инфраструктурни проекти коишто се веќе одобрени во буџетот за 2022 година како и во законските решенија којшто беа одобрени во Собранието во месец декември.

Евро-интеграциите и стратешките цели секако остануваат приоритет“ рече Ковачевски во изјава за медиумите.

Во однос на составот на Владата и ресорите, тие се во согласност на преземените одговорности во Владата од страна на сите коалициски партнери и во согласност со програмата на Владата, додаде Ковачевски.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...