Бојан Христовски именуван за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“. Тој е магистер на науки на факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки.
Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе раководни позиции.
Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“ Филип Пасху има нова работна позиција во Градот Скопје, поради која повеќе нема да ја извршува функцијата директор на ова јавно претпријатие.
Избор: Град Скопје