Ј.П.„Охридски Kомуналец” доделува по 50 садници сезонски цветен расад на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид.
Садниците се од сопствено производство, а целта на акцијата е да се даде поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови. Со своето уредено цветно катче тие треба да бидат пример за оплеменување на просторот, создавање здрави животни навики и заштита на животната средина.
Садниците можат да се подигнат од расадникот на Ј.П.„Охридски Kомуналец”.
Извор: Општина Охрид