spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Ј.П.„Охридски Kомуналец” донира садници на државните и јавните институции

Охрид: Ј.П.„Охридски Kомуналец” донира садници на државните и јавните институции

Ј.П.„Охридски Kомуналец” доделува по 50 садници сезонски цветен расад  на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид.

Садниците се од сопствено производство, а целта на акцијата е  да се  даде  поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови. Со своето уредено цветно катче тие треба  да бидат пример за оплеменување на просторот,  создавање здрави животни навики  и заштита на животната средина.

Садниците можат да се подигнат од расадникот на  Ј.П.„Охридски Kомуналец”.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...