Поради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на ул.„Македонски Просветители“, здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори се пресадуваат во градскиот парк.
Акцијата ја спроведуваат екипи на ЈП „Охридски Комуналец” кои јаворите ги засадуваат на локации каде претходно се отстранети стари и уништени дрвја.
Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите.
Извор: Општина Охрид