spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаДржавниот здравствен систем колабира, бизнис – елитата профитира, а граѓаните плаќаат милиони...

Државниот здравствен систем колабира, бизнис – елитата профитира, а граѓаните плаќаат милиони за ковид тестирања

Претходниот владин состав покажа исклучителна неумешност во справувањето со здравствената (ковид) криза. Очајната борба за партиципирање во власта е сведена на безидејни партиско – кадровски решенија, кои немаат капацитет да направат било каква промена.

Веќе подолго време е евидентно дека лошото управување со здравствената криза го собира својот арач. Негативните последици од ковид пандемијата веќе се чувствуваат во секоја општествена пора. Обичниот човек постојано осиромашува, додека приватните здравствени установи водени од домашната бизнис – елита, непрекинато профитираат. Од новиот владин состав решение или стратегиска визија нема ниту во најава.

Фрапантен е фактот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 Ковид тестови граѓаните ги платиле на приватно.

Еден од начините преку кои државата ги принудува граѓаните да плаќаат тестови во приватните лаборатории е тоа што матичните лекари не можат да закажат термини за тест во државна лабораторија, а кога ќе најдат слободен термин, тогаш тоа е најчесто во друг град кој е далеку од местото на живеење на пациентот. Дури и кога матичниот ќе успее да закаже тестирање, истото може да се чека по неколку дена, што ако се земе во предвид ургентноста и спецификата на проблемот, ова за пациентот може да биде фатално.

Заради ова, по примерот на бројни земји, Левица бара државата целосно да го преземе под своја надлежност процесот на тестирање од приватните клиники (барем во време на пандемијата). Инсистираме спроведувањето на тестовите да биде обезбедено од буџетски средства, кое ќе овозможи достапно и бесплатно тестирање за сите граѓани, со што ќе помогне за остварување на уставно загарантираното неприкосновено право на живот и право на здравствена заштита на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...