spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНовата Влада е посветена на решавање на предизвиците, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на...

Новата Влада е посветена на решавање на предизвиците, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на деструкции

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Новата Влада предводена од СДСМ само што ја презеде функцијата, а од Белата палата почнаа со канонада обвинувања на нејзина сметка.

Енергетската криза е глобален проблем, а економската криза е последица на пандемијата на коронавирусот, со која се соочува цел свет. Нив не ги предизвика СДСМ, но за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, новата Влада веднаш се зафаќа со решавање на предизвиците, кои стојат пред неа.

Владата го амортизира ценовниот шок од покачувањето на цената на електричната енергија на светските берзи со вбризгување средства кај енергетските компании и со дополнителна финансиска помош за најранливите категогии граѓани за плаќање на сметките за струја.

Исто така обезбеди топлинска енергија за скопјани, додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ се прогласи за ненадлежна и соопшти дека нема пари во градската каса за помош на скопјани среде глобална енергетска криза.

Фокусот на новата Влада е економски раст, инвестиции, зголемување на животниот стандард на граѓаните, со раст на платите и пензиите, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на деструкции, блокади и работа против интересите на граѓаните.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...