На 22.01.2022 во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.
Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ.