spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ да не лаже, јавните повици се поништени согласно законот

ВМРО-ДПМНЕ да не лаже, јавните повици се поништени согласно законот

Лаги и невистини се тврдењата на Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, дека поништувањето на Јавните повици за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, е направено преќутно без да се објави.

Напротив, Министетството за земјоделство шумарство и водостопанство најтранспарентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка и тоа е многу лесно проверливо.

Јавниот повик е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени понудите, што би можело да доведе до злоупотреба на постапката.

Земјоделците кои аплицираа на поништените јавни повици, ќе имаат можност повторно да аплицираат за истото земјиште, за што ќе се разгледа можноста за враќање на документацијата доставена од страна на понудувачите, која ќе им послужи за учество во идните повици. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во најбрз можен рок ќе објави нови Јавни повици за истите региони.

Во последните 4 години, оваа Влада го врати достоинството на земјоделците и покажа што значи правична и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци. Во периодот од 2017 до 2019 година се склучија 700 договори за закуп на државно земјоделско земјиште, се доделија нови 4.000 хектари земјиште, се склучија 35 договори односно 124 хектари за производство на добиточна храна, а после 5 години се додели земјиштето од Џумајлија. Во истиот период, за прв пат се објави инвестициски оглас и се потпишаа 17 договори за изградба на винарници, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри, со вкупна инвестиција од 11 милиони евра, се склучија договори за купување на земјоделско земјиште под оранжерија. Со измени и дополнувања на Законот за земјоделско земјиште младите земјоделци до 40 години се ослободија од плаќање закупнина во првите 3 години.

Минатата недела министерот Николовски потпиша нови 900 договори за доделување на земјиште под закуп во 20 општини.

Кога веќе не нуди решенија ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже и манипулира земјоделците.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската...