Размена на искуства, нови предлози и идеи за можни проекти кои ќе помогнат во дигитализацијата, а во насока на подобрување и олеснување на услугите кон граѓаните.
Ова беше во фокусот на вчерашниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Никола Љушев- главен извршен директор на Македонски Телеком, Слободанка Гиевска-директор за големопродажба и регулатива и Благој Христов – раководител на регулатива и Претседател на ИКТ здружение при Стопанска Комора на Македонија.
На состанокот беше разговарано и за можноста за јавно приватно партнерство во инвестиции за инфраструктура, како и за соработка за адресниот регистар во рамки на системот за Централен регистар на население.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација