spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Добрата соработка со верските заедници ќе продолжи

Ковачевски: Добрата соработка со верските заедници ќе продолжи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава: на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со Марјан Димов, суперинтендент на Евангелско-методистичката црква.

На состанокот се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и за изборот на новата Влада, како и благодарност за денешниот прв состанок, организиран на највисоко политичко ниво, што е оценет како достоинствено внимание кон верските заедници и продолжување на добрата соработка со Владата.

Премиерот Ковачевски рече дека добрата соработка со верските заедници ќе продолжи, со почит кон сите, дека нема нерешливи прашања кога се работи според принципот на почитување и дијалог и дека тој како премиер и оваа, политички стабилна Влада, се определени да ги продолжат и унапредат ефикасните политики, што даваат резултати во полза на сите граѓани.

Заеднички е констатирано дека успешната изградба едно општество за сите, во последниве години, е придобивка за сите граѓани, а во таа насока е истакната и добрата соработката меѓу верските лидери, како придонес во воспоставувањето меѓусебна доверба и почитување меѓу заедниците.

Од страна на сите верски лидери присутни на средбата е изразена поддршка премиерот Ковачевски и Владата да продолжат да работат како што е почнато, со отворен, чесен и достоинствен приод кон актуелните теми од важност за граѓаните и за добрата иднина на земјата.

На состанокот се разгледани повеќе актуелни прашања, коишто беа истакнати како важни од страна на претставниците на верските заедници, присутни на средбата.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...