spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на средба со градоначалникот на општина Богданци

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на средба со градоначалникот на општина Богданци

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, на која разговараа за состојбата со животната средина во општината и продлабочување на соработката со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Градоначалникот Шапов информираше дека општина Богданци ги следи препораките на Министерството во однос на зајакнување на административниот капацитет и спроведување на законските обврски во однос на заштитата на животната средина. Општината има направено функционална анализа и нова систематизација на работните места, при што е предвидено Одделение за комунални работи и животна средина, советник за животна средина и помлад овластен инспектор за животна средина.

Заменик министерката истакна дека и оваа година Министерството ќе продолжи да одржува обуки на различни теми во областа на животната средина, кои се од интерес за единиците на локалната самоуправа во насока на соодветно спроведување на законската регулатива во оваа област.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...