spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРешенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните

Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од КОВИД-19.

Моделот подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение ќе има пристап преку веб-страница единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб-платформа граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски дециден: Ако има желба од ЕУ да сме дел од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската...