HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија остро го осудува вандалскиот и немил инцидент кој се случи на денот на обележувањето на 150 годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев, кој беше извршен од членови на навивачки групи, кои на нецивилизиран начин ги отстрануваа лентите од венците кои беа положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев.

За овој настан, министерството за надворешни работи официјално ја извести  Република Бугарија дека  надлежните институции на Северна Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување  на оваа голема историска личност, значајна за сите нас.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...