spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Меѓународното поврзување и диверзификација во снабдувањето се наш приоритет, со интерконекторот...

МЕ: Меѓународното поврзување и диверзификација во снабдувањето се наш приоритет, со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, гасот од Азербе

На средината на оваа година ќе започне изградбата на интерконекторот за гасно поврзување со Грција, со што Северна Македонија ќе се поврзе со Јужниот гасен коридор, на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар. За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура.

Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Осмиот  министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор што се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку.

Министерот Бектеши на состанокот беше придружуван од Бајрам Реџепи, директорот на „Национални енергетски ресурси“ АД.

Република Северна Македонија оваа година по втор пат учествува на овој Министерски состанок кој е од клучна важност во делот на диверзификација на снабдувањето со гас на повеќе пазари во Европа

Министерот во своето обраќање на на на пленарната сесија насловена „Јужен гасен коридор: достигнувања и проспекти-проширување кон нови енергетски пазари вклучително и Западен Балкан“ истакна дека гасот е корисен енергенс бидејќи неговата употреба има широк опсег, и тоа во домаќинствата, во индустријата и сообраќајот, како и за производство на електрична енергија и топлина.

„Гасификацијата на земјата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. За обезбедување на прогнозираните количини на природен гас за наредниот период  во тек се активности за натамошна изградба на постојниот гасоводен систем во Република Северна Македонија, негово поврзување со регионалните гасоводни системи особено со Jужниот гасен коридор, како и планот, развојот на дистрибуцијата на гасот да се врши преку Јавно приватно партнерство, но и отпочнување на преговори за обезбедување на дополнителните колични на природен гас“ потенцираше министерот Бектеши во своето обраќање.

Министерот кажа дека Северна Македонија е силно посветена на гасно поврзување со регионот, што ќе значи обезбедување на природен гас од повеќе извори.

“Заедно со нашата компанија „Национални енергетски ресурси„ веќе работиме на заокружување на проектите за изградба на интерконектор за гасно поврзување со нашите северни соседи Косово и Србија,  а дополнително како дел од планираните проекти е и изградба на дополнителен интерконектор со Бугарија, како и изградба на интерконектор за гасно поврзување и со Албанија“, потенцираше министерот Бектеши.

Во делот на инвестициите во гасификација министерот информираше дека до крајот на оваа година ќе биде избрана и компанија која што ќе ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа во државата што претставува еден од најголемите капитални инвестиции во земјата и ќе обезбеди пристап на природен гас до домаќинствата и стопанството.

На отварањето на Министерскиот состанок се обрати азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а свои излагања за плановите за проширување на испораката на гас во Европа и на Балканот дадоа и комесарот на ЕУ за енергетика Кадри Симсон, еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархели, како и високи претставници на САД, Албанија, Велика Британија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грузија, Хрватска, Италија, Унгарија, Црна Гора, Романија, Србија, , Турција, Туркменистан и Грција.Компаниите што учествуваат во проектот, Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Азиската банка за развој, Азиската инфраструктурна банка за инвестиции и други меѓународни финансиски институции.

Во рамки на Министерскиот состанок, министерот Бектеши оствари билатерална средба со министерот за енергетика на Азербејџан, Правиз Шахбазов.

Двајцата министери на состанокот разговараа за можностите за продлабочување на соработката помеѓу Северна Македонија и Азербејџан во делот на енергетиката и снабдувањето со природен гас преку новиот интерконектор кој ќе го гради нашата држава заедно со Република Грција.

Министерот Бектеши истакна дека реализацијата на вакви инфраструкторни проекти се од голема важност не само за зголемување на енергетската независност на Северна Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан, во услови кога цените на енергенсите, пред се и на природиот гас на светско ниво имаат рекорден раст.

Јужниот гасен коридор, проект вреден 40 милијарди долари, минува низ 3.500 километри територија, од Баку до јужна Италија, преку Грузија, Турција, Грција и Албанија.

Главен извор на гас за системот е наоѓалиштето „Шах Дениз“ во Каспиското Море, со резерви од 1,2 трилиони кубни метри.

Со завршувањето на етапата I на јужниот гасен коридор во декември 2020 година, засегнатите страни испитуваат проширување на проектот на нови пазари, како што е Балканот и транзит на гас од други достапни извори.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...