Дигитализација на услугите што ги нуди Управата за водење на матични книги и унапредување на процесот.
Ова беше тема на работниот состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Директорот на Управата за водење на матични книги Блерим Абази.
Министерот Алити и директорот Абази се согласија дека е неопходно да се работи на понатамошна дигитализација на услугите. Заклучок од состанокот е да се формираат работни групи кои ќе ја анализираат постоечката ситуација и да се преземат понатамошни дејствија за остварување на целите.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација