Град Скопје во 2022 година отпочнува со реализација на оформување нови зелени површини во Скопје, на кои се засадуваат дрвја и садници од различен вид. Покрај новите и постојните зелени површини, планирано е дополнителни садници да се постават и во постојното средишно и странично зеленило по должината на булеварите и на магистралните улици.
Во 2022 година предвидено е да се набават и дрворедни садници, зимзелени садници со покривки, како и декоративни садници и грмушести растенија.
Извор: Град Скопје