spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Ќе се интензивира соработката со МВР во насока на дигитализацијата

МИОА: Ќе се интензивира соработката со МВР во насока на дигитализацијата

Тековните состојби меѓу двете министерства во однос на заедничките проекти, развојот на капацитетите и достигнувањето на европските стандарди поврзани со дигитализацијата, беа теми на вчерашната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во фокусот на разговорите беше проектот поврзан со електронските лични карти, за што ќе се засилат активностите и уште повеќе ќе се интензивира соработката меѓу МИОА и МВР со цел реализирање на поставените цели и обврски.

Двајцата министри разговараа и за електронскиот регистар на население, оценувајќи ја досегашната соработка како успешна. Воедно се согласија дека е неопходно да се зголеми пристапот на што повеќе институции во овој регистар. Се разговараше и за е-услугите, за интегрирање на овие услуги меѓу двете министерства.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...