spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСогласно планираната мисија 39 граѓани на Авганистан заминаа за Канада

Согласно планираната мисија 39 граѓани на Авганистан заминаа за Канада

Заврши привремениот престој во Северна Македонија за нова група од 39 граѓани на Авганистан. Претпладнето од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во здружената глобална акција за помош на авганистански цивили. Се работи за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка.

Во рамките на спасувачката мисија, во Северна Македонија во моментов престојуваат 503 авганистански граѓани кои се згрижени од институциите со целата потребна поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 217 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...