spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Минималната плата е историски исчекор, таа континуирано ќе расте

Ковачевски: Минималната плата е историски исчекор, таа континуирано ќе расте

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска потенцираше дека последното зголемување на минималната плата е историски исчекор кој се направи низ дијалог со синдикатите и организацијата на работодавачите. Покрај тоа што минималната плата сега изнесува 18.000 денари, усвоена е и нова методологија која што гарантира континуиран раст на минималецот сразмерно со покачувањето на продуктивноста на трудот. Исто така, минималната плата ќе се усогласува со порастот на цените и со растот на просечната плата.

Зголемувањето на минималната плата, истакна премиерот Ковачевски, треба да оди паралелно со зголемување на продуктивноста на трудот и тоа го прифатија и синдикатите и работодавачите.

Претседателот на Владата додаде дека растот на платите треба да важи и за јавниот сектор и дека и тоа треба да произлезе од дијалог на сите социјални партнери. Зголемувањето на платите во администрацијата треба да оди заедно со зголемувањето на продуктивноста на трудот што крајно треба да резултира со поквалитетни административни услуги испорачани кон граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...