spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Отчет за реализираните и започнатите проекти на 100 дена од вториот...

Берово: Отчет за реализираните и започнатите проекти на 100 дена од вториот мандат

Почитувани граѓани на општина Берово,

Изминуваат 100 дена, откако по втор пат ми ја дадовте довербата да ја водам општина Берово. Голема е честа, што повторно ја добив поддршката од сите Вас, а уште поголема одговорноста, да продолжам да работам во интерес на граѓаните, со реализација на уште многу проекти за поубаво Берово.

Мојата првична заложба, во првите 100 дена од преземањето на градоначалничката функција, беше да ги вградам моите изборни ветувања во општинските програми, а истовремено и да излезам во пресрет на барањата и потреби на граѓаните. Од тие причини, веднаш по превземењето на функцијата, направив бројни средби со граѓани, поминав по сите улици, во Берово и населените места, со цел да ги увидам потребите на граѓаните.

По истекот на стоте денови од мојот втор градоначалнички мандат,  можам слободно да потврдам дека со домаќинско, чесно и транспарентно работење можеме да отвориме нови развојни перспективи во општина Берово и да продолжиме со развојот на Берово.

Во изминативе 100 дена јас како градоначалник на Општина Берово,  заедно со Советот и целокупната администрација вложивме максимални напори и  се посветиме на реализацијата на следните позначајни проекти:

  • Асфалтирани се повеќе улици во с. Двориште, од влезот на селото, до Чурилското Маало
  • Асфалтирна е улица ,,Маршал Тито” во с. Смојмирово
  • Изградена е пешачка патека, спој на ул.,,Борис Кидрич” и ,,Димитар Влахов”
  • Нова ограда доби Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки”
  • Реконстуиран е објект кујна во Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки”
  • Во тек се тендерски постапки за асфалтирање на ул ,,Ширината”, ,,Козара”, улица ,,3” во туристичка населба ,,Беровско Езеро”
  • Наскоро ќе започне изградбата на канализација во с. Мачево
  • Во тек е постапка за набавка на теренско мултифункционално возило за спречување на природни катастрофи
  • Како дел од програмата за Локален економски развој, исплатени се околу 000,00 денари за субвенционирање за купен велосипед
  • Опремен е кабинет по природни науки во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”
  • Подобрени се условите за учење во ООУ ,,Никола Петров Русински”, уреден е влезот, изградни се пристапни патеки до училиштето, реконструирани се санитарните јазли, изграден е санитарен јазол за лица со посебни потреби, санирани се ѕидови и подлогата во дворното место и набавена е нова урбана опрема
  • Во рамките на проектот ,,Штип и Берово заедно за подобрување на животот на ромската заедница, 4 ромски семејства, за прв пат добија електрична енергија

Во насока на подобрување на јавната чистота и комуналната инфрастуктура:

  • Поставени се нови контејнери за комунален отпад
  • Поставени се мрежи на контејнери на повеќе локации во населените места и туристичката населба Беровско Езеро
  • Набавени се контејнери за собирање и складирање на отпадна пластика
  • Проширени се градските гробишта
  • Со поддршка на невладиниот сектор , се решава проблемот со пристапност до муслиманските гробишта, со изградба на патека од бехатон плочки

Дополнително, бидејќи се наоѓавме пред крајот на годината, донесувањето на новиот Буџет на општина Берово  за 2022 година, беше приоритетна активност.

Свесни за она што ни престои, како локална самоуправа, продолжуваме и понатаму со развојот и напредокот на општина Берово во сите сфери.

Затоа и во  иднина, за сите Вас ќе  понудиме уште многу проекти за поубаво, помодерно и  почисто Берово.

Во блиска иднина ќе продолжиме со :

  • Изградба на тротоари на ул.,,Борис Кидрич”
  • Изградба на улица до гробиштата во с. Смојмирово
  • Реконструкција на дел од улица,,Димитар Влахов” и дел од улица ,,Партизанска” во с. Русиново
  • Реконструкција на улица Плачковица
  • Реконструкција на 15 куќи на ромски семејства од социјално ранливи категориии
  • Донесување на ДУП и ГУП во Ромска маало
  • Изградба на канализација во должина од 250 метри на ул. ,,Прохор Пчињски”

Сакам да потенцирам дека моите залагања на почетокот од вториот мандат, а и во иднина, беа и ќе бидат насочени кон реализација на многу проекти за подобрување на животот на жителите од општина Берово и кон обезбедување на средства за реализација на многу проекти за Берово.

Исто така, во следниот период, ќе продолжиме кон зајакнување на капацитетот и ефикасноста на општинската администрација, унапредување на квалитетот на општинските услуги кон граѓаните и создавање на поволна бизнис клима.

Со цел  обезбедување брз социоекономски и еколошки развој на општина Берово, продолжуваме и во периодот што следи, ни престои уште многу работа и реализација на уште многу проекти за развој на Берово, кои ќе продолжат да траат во годините што следат.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Берово

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...