Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, изврши увид во тековните градежни активности на спортско рекреативниот центар Ново Село.
Овој центар е сѐ уште во изградба и за брзо време ќе биде едно убаво опремено катче во кое ќе може да уживаат и помладите и постарите генерации.
Градоначалникот изјави дека овој пример ќе го следиме и во иднина, односно дека секоја населба ќе добие вакви содржини кои взаемно ќе го красат Град Штип.
Извор: Општина Штип