Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков оствари средба со младиот охриѓанец Александар Ќулукоски, член на Македонската „Кантер страјк“ репрезентација, која го освои првото место на Светското е-спорт првенство кое се одржуваше во Израел, во ноември минатата година.
На средбата се разговараше за условите за развој на електронскиот спорт (е-спортот) во Охрид, како една нова спортска дисциплина која веќе доби и официјално признание од Агенцијата за млади и спорт, на ниво на нашата држава.
Градоначалникот Кирил Пецаков во името на Општина Охрид на младиот Ќулукоски му врачи еднократна парична помош од 30.000 денари како поддршка и мотив за поголеми успеси на понатамошните натпреварувања.
Александар Ќулукоски се натпреварува под псевдонимот „CacaNito“ и заедно со македонска репрезентација се очекува да се натпреварува на Европското првенство и на Меѓународниот турнир од светски ранг во Дубаи.
Извор: Општина Охрид