spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ со акција за чистење покрај кејот...

Град Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ со акција за чистење покрај кејот на реката Вардар и во Градскиот парк

Во текот на викендот екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ спроведоа акција за чистење на кејот на реката Вардар, како и во Градскиот парк, од отпадоците кои беа расфрлани на повеќе локации, како покрај кејот, така и на тревните површини.

Исчистени се лисјата што паѓаат на пешачката патека на кејот, како и отпадот во пешачката зона покрај коритото, дел на кој секојдневно се рекреираат и спортуваат скопјани. Истата акција се спроведе и во Градскиот парк, каде што беа исчистени сите бетонски патеки за прошетка, како и тревниците кои во текот на викендот беа полни со отпад.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ продолжуваат со еко акциите секаде каде што тоа ќе биде потребно и по појавување на видеото  на кое се гледа како намерно се исфрла отпад на кејот на Вардар, апелираат за зачувување на животната средина и заштита на зелените појаси во сите населени места во градот Скопје.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...