spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Засилени контроли на терен на градските комунални редари

Град Скопје: Засилени контроли на терен на градските комунални редари

Комуналните редари на Град Скопје периодов вршат засилени контроли на терен, при што се изречени 32 казни за прекршување на Законот за јавна чистота. Покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари вршат и вондредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

Викендов беше забележано намерно уништување на садовите за отпад и расфрлање на отпадот од несовесни поединци.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат садовите за отпад поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одржување на јавната хигиена. Садовите за отпад се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз садовите за отпад и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...