spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЕБОР ја продолжува поддршката за реализација на клучни проекти

ЕБОР ја продолжува поддршката за реализација на клучни проекти

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со директорот на канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси.

На почетокот на средбата вицепремиерот Маричиќ и директорот Аранитаси изразија задоволство од досегашната соработка во рамки на реализацијата на Стратегијата за соработка 2018-2023, како и очекување за продолжување на соработката во претстојниот период со воведувањето на ИПА 3 во рамки на инвестицискиот фонд за Западен Балкан (ИФЗБ), како дел од Агендата за поврзување, и тоа приоритетно на проекти кои произлегуваат повеќе од Зелената агенда, вклучително и проекти за чиста енергија и иницијатива од ЕБОР за развој на приватниот сектор.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека од суштинско значење е да се работи заеднички притоа земајќи ги предвид научените лекции во спроведувањето на проектите и да се состави план за градење административни капацитети за спроведување на одредени специфични обуки, кои произлегуваат од правилата за набавки, тендери и реализација на проекти на ЕБОР, како што веќе беше побарано од страна на претходниот НИПАК.

Во продолжение беа разгледани и можностите за идни проекти во соработка со ЕБОР и тоа во приоритетни области кои се во контекст на поврзување на земјава со регионот, како и конкретни проекти во насока на спроведување на зелената агенда со кои граѓаните ќе добијат почиста животна средина.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...