spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Исаки се сретна со Фрагојанис

МНР: Исаки се сретна со Фрагојанис

Заменик-министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи на Хеленската Република Костас Фрагојанис, кој допатува во Северна Македонија, во работна посета.

Заменик-министерката Исаки и ЗМНР Фрагојанис изразија задоволство од односите меѓу двете земји кои континуирано се развиваат и издигнуваат на ниво на стратешко партнерство.

Фокусот на средбата беше ставен на политичкиот дијалог, придобивките од Преспанскиот договор и имплементацијата на Акцискиот план, особено потенцирајќи ги засилените меѓусебни активности за реализација на клучните проекти за енергетско и транспортно поврзување.

Заменик-министерката Исаки го информираше својот соговорник дека Владата на Северна Македонија, на самиот почеток на оваа година, ќе почне да го гради Интерконекторот за природен гас со Грција при што делот на Северна Македонија од проектот, ќе биде во износ од 28,9 милиони евра. Во таа насока Собранието го има изгласано Законот за гаранција на Северна Македонија за обврските по договорот за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија”, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси Скопје” (НЕР). Очекувањата се дека изградбата на овој интерконектор ќе ја зголеми конкурентноста на државата во делот на природен гас, што ќе обезбеди поконкурентни цени на енергенси за граѓаните и бизнисот.

Воедно, заменик-министерката Исаки нагласи дека Северна Македонија во изминатиот период презеде низа активности во насока на реализирање на дел од обврските предвидени согласно член 1 став 8 од Преспанскиот Договор, како и изрази очекување дека Грција ќе презема чекори за дорегулирање и комплетирање на ратификациите на меѓународните договори кои веќе подолго време се во грчкиот парламент.

Потврдена беше и заемната посветеност за надградба на довербата и ангажирање на двете страни за отворање на граничните премини Маркова нога-Лемос и Мајден–Промахои, како и реализација на проектите за подобрување на железничката инфраструктура и поврзаност меѓу двете земји.

Заменикот Фрагојанис подвлече дека Грција, како и досега ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат до членство во ЕУ, како и сите земји од Западен Балкан, што е од интерес за Грција, имајќи предвид дека на тој начин се обезбедува стабилноста и економскиот просперитет на земјите од Западен Балкан.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...