ООУ „Ѓорче Петров“ од истоимената општина беше домаќин на проектот за мобилност, каде меѓу учениците беа претставени убавините на нашата татковина и земјите учеснички.
Убавините на Македонија ги обединија учениците и наставниците од неколку европските училишта од Полска, Италија, Шпанија, Романија и Грција.
Проектот „Земи го ранецот и дојди со мене“ од Еразмус Плус е одлична можност за сите ученици за само-развој во меѓународната заедница.
Извор: Општина Ѓорче Петров