Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на урбаните заедници од општина Центар, на која присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на администрацијата на Град Скопје.
Тимовите составени од секторски претставници од Град Скопје, како и од јавните претпријатија кои се под надлежност на Градот, веќе ги започнаа теренските активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Центар, која ја сочинуваат 17 урбани заедници. Се врши проценка на затекнатата состојба и се работи на изготвување на акциски план со проекти кои Градот ќе ги имплементира во овие населени места.
Градот Скопје заедно со теренските тимови изготвуваат план за решавање на детектирани проблеми по урбаните заедници на територија на општина Центар, каде најголемите предизвици се од областа на сообраќајот и комуналната хигиена.
Град Скопје ќе започне со имплементација на проекти во секое населено место, со што ќе се овозможи брз и рамномерен раст и развој за сите општини и населени места во нив подеднакво.
Извор: Град Скопје