spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Се асфалтира булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт

Град Скопје: Се асфалтира булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт

Екипите на Град Скопје почнаа со финално асфалтирање на булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт. Овие градежни активности се дел од проектот за изградба и пробивање на булеварот АСНОМ низ Керамидница кон Аеродром.

 

Со овој инфраструктурен зафат ќе се реши проблемот со коловозот кој претходно беше во лоша состојба. Поради градежните активности, сообраќајот ќе се одвива отежнато, за што замолуваме за трпение и поголемо внимание од страна на учесниците во сообраќајот.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...