spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Започна реконструкција на улицата Варшавска

Карпош: Започна реконструкција на улицата Варшавска

Почитувани,

Ве информираме дека со поддршка од Светска банка, од денеска почнува реконструкцијата на улицата Варшавска. Покрај реконструкцијата на улицата, ќе бидат заменети и дел од оштетените рабници, а таму каде што ќе има потреба ќе биде извршена и нивелација на шахтите.

Во исто време се информираат граѓаните кои живеат на оваа улица дека во наредниот период нема да се дозволат нови прекопи на улицата, вклучително и приклучување на канализационата мрежа за да се спречи повторно оштетување на истата.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...