spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПродолжуваме со партнерството за спроведување на реформските процеси

Продолжуваме со партнерството за спроведување на реформските процеси

Заменичката на претседателот на Владата на  Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Северна Македонија. На средбата присуствуваа Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ-Северна Македонија, Лидија Стојкова Зафировска, програмски директор и Насер Бислими, програмски офицер.

Заменичката Грковска се заблагодари за долгогодишната поддршка која ја дава Националниот демократски институт на Северна Македонија, потенцирајќи дека Владата продолжува посветено да работи на спроведувањето на реформите за добро владеење.

На средбата беше позитивно оценета поддршката што ја дава НДИ и беше истакнато дека Северна Македонија бележи напредок во спроведувањето на сложените реформи клучни за зацврстување на демократските процеси и транспарентноста на институциите.

Грковска, во контeкст на имплементација на принципите и политиките за добро владеење истакна дека фокусот е на воспоставување партнерски однос и соработка со независните државни институции од оваа сфера.

Вицепремиерката го нагласи и значењето на соработката со граѓанскиот сектор во овој процес, како и имплементирањето на процесот на дигитализацијата како основа на политиките за добро владеење.

Националниот демократски институт ја потврди својата поддршка на Владата во понатамошното развивање на реформскиот процес и ги презентира резултатите од своите истражувања во оваа сфера.

На средбата обете страни ја потврдија желбата да продолжи заедничката соработка.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...