Финализирана е реконструкцијата на улицата “Сердарот” на која Општина Кисела Вода работеше во изминатиот период. На потегот од пругата до месната заедница во Потстаница, се постави нов долен строј, тампон, а потоа се изврши асфалтирање.
Се работи за делница во должина од 900 метри и 4.5 метри широчина, на која покрај асфалтитрањето, се изградија и патека поплочена со павер елементи и тротоар од другата страна.
Средствата за реализација на реконструкцијата на постојната улична мрежа-коловоз на улицата “Сердарот”, Општина Кисела Вода ги обезбеди преку преку Светска Банка, од Вториот МСИП Проект.
Во периодот што следува Општина Кисела Вода ќе изврши и хортикултурно уредување на овој простор, со што жителите на овој дел од Драчево ќе добијат не само поквалитетен и побезбеден сообраќај, туку и целосно естетски уреден простор.
Извор : Општина Кисела Вода