spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Педагошките студиски програми да даваат наставен кадар кој знае да се...

МОН: Педагошките студиски програми да даваат наставен кадар кој знае да се справи со современите образовни трендови и дигитализацијата

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на работната средба со продеканката за наука на Тетовскиот универзитет, професорката Рабије Мурати разговараше за активностите кои заеднички треба да се реализираат за овој академски центар да продолжи да биде извор на квалитетни кадри.

„Бројни се предизвиците пред кои е исправено високото образование во државата, а ние, како креатори на образовните политики, не задирајќи во академската автономија, тука сме да ги слушнеме барањата и соодветно да делуваме. Со продеканката Мурати посебно се осврнавме на студиските програми на Педагошкиот факултет, дизајнирани по Болоњскиот систем, кои образуваат професори по одделенска настава, педагози, специјални едукатори, а во втор и трет циклус магистри и доктори на науки.

Образовните реформи се одвиваат со предвидената динамика, оттука е неопходно и педагошките студиски програми да бидат усогласени и да даваат подготвен наставен кадар кој знае да се справи со современите образовни трендови и дигитализацијата“, рече министерот Шаќири.

Универзитетот континуирано вложува во наставите програми, нагласи проф. Мурати, со цел студентите да бидат конкурентни на европскиот академски пазар и да стекнат специјализација преку развој на компетенции.

На средбата се разговараше и за можностите за поттикнување на научно-истражувачките активности на Универзитетот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела...