Продолжува чистењето на депониите низ Општина Кисела Вода, создадена од несовесност и негрижа на граѓаните.
Денес сезонските работници работеа низ урбаната заедница Цветан Димов. Се чистеше еден поголем дел од улицата “Вера Јоциќ”, а отпадот со камиони се носеше на Дрисла.
-Не запираме во намерата за целосно чиста Кисела Вода. Тоа не само што придонесува за ликот на нашата општина, туку чистата средина значи и подобро здравје на нашите сограѓани. Денес се расчистуваа дел од мини депониите на ул. ,,Вера Јоциќ”. Се собираше шутот и со камиони беше пренесен на отпадот во Дрисла. Ваквите активности продолжуваат секој ден, а нашата мисија да живееме во чиста и здрава животна средина ќе ја исполниме во целост. Исто така, апелирам и до нашите сограѓани да се однесуваат одговорно кон нашата околина, затоа што загрозувајќи ја неа – се загрозува и здравјето на нашите блиски-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Извор: Општина Кисела Вода