spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ден на мајчиниот јазик

Кисела Вода: Ден на мајчиниот јазик

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој се празнува денес, беше одбележан и во општина Кисела Вода.Со пригодна манифестација, под мотото “Мајчиниот јазик – наша духовна ризница”, учениците од ООУ “Невена Георгиева-Дуња” ги испратија своите пораки за јазикот, како идентитет, како суштина и сведоштво за постоењето на еден народ.

 

Во чест на мајчиниот јазик, се рецитираа стихови од еминентни македонски поети, а беа доделени и награди и дипломи за најуспешните на претходно распишаниот литературен и ликовен конкурс.

 

 

 

И бидејќи потписот на македонскиот јазик е овековечен низ азбуката, но и низ чекорите на македонското оро, како дел од нашата традиција и култура, учениците од “Невена Георгиева Дуња”, одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик го заокружија со изведба на традиционалното ”Бовчанско оро”, во препознатливи македонски носии.

Меѓународниот ден на мајчинот јазик се одбележа и во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.

Учениците од шесто до деветто одделение, на часот по македонски јазик твореа на тема: “Македонија, македонски засекогаш!”. Покрај лирските творби, тие изработуваа и постери на истата тема, кои потоа беа изложени на училишните паноа.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година овој ден е промовиран и како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...