spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПријателството меѓу двете земји овозможи да развиеме стратешки енергетски проекти

Пријателството меѓу двете земји овозможи да развиеме стратешки енергетски проекти

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски во делот на неговата агенда за билатерални средби на маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска се сретна со премиерот на Република Грција Киријакос Мицотакис.

Премиерот Ковачевски на средбата изрази задоволство од билатералните односи, и за пријателството меѓу двете земји со огромен потенцијал за натамошно унапредување и проширување, согласно стратешкото партнерство кое се востанови со Договорот од Преспа.

Заедничкиот интерес за напредок на меѓусебните односи двајцата премиери го препознаваат и во заедничките стратешки и капитални енергетски инвестиции како што е учеството на Северна Македонија во Терминалот за течен гас во Александропулос и изградбата на интерконекторот за природен гас со Грција.

На средбата беше изразено задоволството од двете страни од континуираното зајакнување на политичкиот дијалог во изминатите неколку години, проследено со посети и средби на високо ниво што допринесе за дополнително интензивирање на динамиката и градењето доверба меѓу двете земји и за раст на економската соработка.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност за силната поддршка на Грција за Северна Македонија за усвојувањето на преговарачката рамка за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ, која  што беше реафирмирана и на оваа средба.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте