Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити оствари работна средба со директорката на Македонско радио Ајтен Власаку Мехмети, Директорот на ЈП Национална Радиодифузија- Ендрин Кадриу и помошник директорот- Абдула Бајрами.
На средбата се разговараше за актуелни прашања и теми поврзани со заедничките проекти, со цел унапредување на истите, вклучувајќи ја дигитализацијата, фрекфенциите, осовременување на работниот процес и услуги.
Соговорниците се согласија дека досегашната успешна соработка и понатаму ќе продолжи.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација