spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Конференција на високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план...

МИОА: Конференција на високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити се обрати на конференцијата на високо ниво, за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 и одбележување на десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.

Конференцијата е во организација на МИОА, Фондацијата Отворено општество–Македонија, Центарот за граѓански комуникации и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, кои партнерски го спроведуваат проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023“.

 

„Земјите членки на Партнерството за отворена власт пред 10 години се согласија да работат на поголема транспарентност на власта, поголем ангажман на нашите граѓани во процесот на донесување одлуки, поголеми стандарди на интегритет и поголем пристап до технологија за сите луѓе во сите земји. Република Северна Македонија има препознаени резултати во процесите на отворена влада. Од приклучувањето во оваа иницијативата во 2011 година преку пет акциски планови, посветено се следеше потребата од поголем ангажман и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки, воведување на поголеми стандарди на интегритет и поголем пристап до технологија“, рече министерот Алити.

Министерот се осврна на придобивките кои произлегуваат од концептот на ПОВ (Партнерство за отворена власт):

„Отворените финансии и достапноста на информациите за плаќањата на државните институции кон фирми, други институции и физички лица; Граѓанскиот буџет; зголемувањето на рокот за консултација на предлог законите на ЕНЕР; достапноста на повеќе од 300 податочни сетови на порталот за отворени податоци; воспоставувањето на регистарот за вистински сопственици се само дел од постигнатите резултати. Дополнително, иновативните алатки кои преку оваа иницијатива овозможија поголема транспарентност и отчетност на општините во земјава, минатата година беа прогласени за едни од глобалните победници на Самитот за Партнерство за отворена власт кој се одржа во Сеул, Република Кореја“, истакна министерот.

Тој потенцираше дека со отворањето и ставањето на располагање на нашите ресурси на јавноста, успеавме да го унапредиме дијалогот, иновациите и употребата на технологијата што го прават животот на нашите граѓани подобар и полесен.

Покрај министерот Адмирим Алити, воведни излагања имаа и Премиерот Димитар Ковачевски,  Санџај Прадхан-главен извршен директор на Партнерство за отворена власт, Фани Каранфилова-Пановска-извршна директорка на Фондацијата Отворено општество.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека Владата во тесна и продуктивна соработка со граѓанскиот и бизнис секторот останува максимално посветена на имплементација на принципите за отворена власт. „Таа вклученост на сите засегнати страни како партнери и како контролни механизми, ја направија оваа Влада потранспарентна и поодговорна. Процесот создаде основа за партиципација, за ефикасно управување со јавните ресурси, за градење на систем на интегритет, и за создавање на средина за пристап до информации и отворени податоци“, потенцираше тој. Исто така, истакна дека овој концепт во Северна Македонија го прифатија и сега веќе го практикуваат и општините, и Собранието, како и судската власт, што претставува Владин сеопфатен придонес во владеењето на правото.

 

Главниот извршен директор на Партнерство за отворена власт, Санџај Прадхан, во своето видео обраќање се заблагодари на реформаторите и лидерите на отворена власт од Северна Македонија за активното, динамично и посветено учество во Партнерство за отворена власт. „Партнерство за отворена власт остварува три цели; Прво, ја зголемува довербата на граѓаните, второ ја зајакнува сигурноста на инвеститорите, и трето, ја унапредува агендата за пристапување во ЕУ“, заклучи тој.

Извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, во своето обраќање истакна дека Фондацијата секогаш е насочена кон унапредување на околината во која работи и се развива граѓанското општество и затоа од особено значење е вклучувањето на граѓанските организации во сите процеси на креирање на јавните политики. „Затоа Фондацијата го иницираше процесот за воспоставување Мрежа на граѓански организации за Партнерство за отворена власт и за воспоставување национален Совет за Партнерство за отворена власт“, рече Каранфилова-Пановска.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...