Министерот за правда Тупанчески присуствуваше на првиот министерски координативен состанок, воден од вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор Бојан Маричиќ, на кој беше разговарано за важноста на секторските работни групи, формирани за потребите на ИПА и нивното прераснување во форум кој во координација со сите чинители треба да обезбеди рационално и долгорочно планирање на националните стратегии приоритети и политики.
Министерот Тупанчески смета дека со координирано делување на ресорните министерства ќе се зајакнат капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите, а тоа ќе значи поголем бенефит на граѓаните.
На состанокот беше истакната важноста од вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што се потврдува посветеноста во процесот на програмирање и користење на ИПА фондовите.
Извор: Министерство за правда