spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески дел од координативниот министерски состанок за програмирање и...

МП: Министерот Тупанчески дел од координативниот министерски состанок за програмирање и користење на ИПА фондовите

Министерот за правда Тупанчески присуствуваше на првиот министерски координативен состанок, воден од вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор Бојан Маричиќ, на кој беше разговарано за важноста на секторските работни групи, формирани за потребите на ИПА и нивното прераснување во форум кој во координација со сите чинители треба да обезбеди рационално и долгорочно планирање на националните стратегии приоритети и политики.

Министерот Тупанчески смета дека со координирано делување на ресорните министерства ќе се зајакнат капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите, а тоа ќе значи поголем бенефит на граѓаните.

На состанокот беше истакната важноста од вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што се потврдува посветеноста во процесот на програмирање и користење на ИПА фондовите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте